Довбик ќе биде замената за Мората во Атлетико Мадрид

Алваро Мората замина во Милан, па во Мадрид бараат замена за одличниот напаѓач. Атлетико веќе испрати понуда до Жирона за Артим Довбик, но таа беше одбиена, па решија сега да ја зголемат сумата, бидејќи им „гори под нозе“ за што поскоро да најдат нов напаѓач.

Првичната понуда беше 25 милиони, но беше категорично одбиена, па Атлетико реши да понуди 30 милиони плус разни бонуси.

Жирона првично побара 40 милиони евра за најдобриот стрелец на Примера минатата сезона, но „АС“ наведува дека преговорите се во завршна фаза и дека Каталонците најверојатно ќе се согласат на нешто помала сума на обострано задоволство.

Украинецот зад себе има одлична сезона во која постигна 24 гола и со тоа стана најдобар стрелец во шпанската Примера.

Се вчитува...