Рома ја продолжи триумфалната серија во Калчо-лигата откако „волчицата“ славеше на домашен терен над Калјари со 1-0, за шести триумф во низа во Серија А.
„Волчицата“ не одигра на препознатливото ниво, меѓу другото и поради напорниот двомеч со Атлетик Билбао во Лигата на Европа. Сепак, тимот на Раниери успеа да стигне до трите бода со еден погодок, дело на Довбик во второто полувреме.
Украинецот имаше многу среќа по еден корнер на својот тим, откако гостите не изреагираа најдобро во сопствениот шеснаесетник, топката дојде директно до Довбик, кој немаше тешка задача да ја смести во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

