Иако Мото ГП шампионатот е веќе крунисан, сепак, претстојат многу возбудувања на последните три трки. Следна на каленадарот е Мото ГП трката во Австралија на која петкратниот шампион Марк Маркез вообичаено постигнува голема брзина во изминатите неколку години. Но, овој пат со обезбедена титула и со повреда на рамото, Маркез сигурно нема многу да ризикува. Тоа отвора шанса за двајцата Италијанци во шампионатот – Андреа Довициозо (Дукати) и Валентино Роси (Јамаха) кои се борат за второто место во генералниот пласман.
Ако Довициозо освои пол позиција на трката во Австралија тоа ќе биде историски успех, а Италијанецот ќе стане прв возач во Мото ГП шампионатот што стартувал од првата позиција три пати по ред во една сезона.
Рекорд брка и Франческо Банаја (СКАЈ Рејсинг ВР46). Ако Банаја победи на трката, тогаш тој ќе се изедначи со Марк Маркез како најуспешен возач во Мото2 со осум победи. Моментно, Италијанецот го дели второто место на оваа листа со Јохан Зарко, со осум победи во една сезона.
Ако најдобропласираниот возач на Хонда биде три бода пред најдобриот возач на Дукати, тогаш тимот на Хонда ја обезбедува шампионската титула во МотоГП во конкуренција на конструктори.
МотоГП трката во Австралија е 17-та на календарот и ќе се вози в недела во 7 часот. Квалификациите се ден претходно со почеток во 8 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА