Италијанецот Андреа Довициозо славеше денеска во Мисано на трката за Големата награда на Сан Марино.
Довизиоцо стартуваше од четвртата позиција, но имаше одличен почеток и дојде на втората позиција зад клупскиот колега Лоренцо. По неколку кругови Довициозо успеа да го мине и Лоренцо и да ја сочува својата позиција, додека Лоренцо се бранеше од големиот ривал Маркез.
Возачите на Дукати го диктираа ритамот во текот на целата трка па во поголемиот дел беше познато дека двајцата ќе бидат на водечките места од пиедесталот на крајот.
На два круга пред крајот се чинеше дека се е готово и дека се има конечниот пласман, но следеше шок за Дукати откако Лоренцо излета од патеката. Маркез беше тука најголем добитник стигнувајќи до второто место на крајот, а третото место го освои Кратчлоу. Лоренцо на крајот заврши на 17. место.
Маркез и натаму се наоѓа на водечката позиција во вкупниот пласман со 22 бода, а втор е сега Довициозо со 154 бода. Валентино Роси, кој денеска беше седми, е на третото место со 151 бод а четврти е Лоренцо со 130 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА