ЕКИПА во Анталија, Турција
Горан Бошев
После три дена интензивни врнежи, во Анталија денеска ги имаше сите услови за да ги продолжи подготовките под турбо ритам.
Врнежите кои беа присутни во изминатите денови, ги натераа Вардарци да ја одложат пријателската против Мотор Лублин, додека утре ќе продолжи серијата на „тестови“ со меч против Динамо Махачкала од Русија.
Во играчкиот кадар нема проблеми, односно сите играчи му се на располагање на стручниот штаб предводен од Гоце Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

















