Доживотен затвор за возачот кој газеше луѓе на прославата на титулата на Ливерпул

Британецот Пол Дојл, обвинет за седум точки за нанесување тешки телесни повреди со умисла кога со својот автомобил влета во толпа за време на прославата на шампионската титула на Ливерпул, остана во притвор по неговото прво појавување на суд.

Инцидентот се случи во понеделникот попладне во Ливерпул, на прославата на освоената титула во Премиерлигата, кога 53-годишниот Дојл со својот автомобил влетал во толпата. Повредени се 79 лица, од кои четворица потешко, меѓу кои и едно дете. Повредените биле на возраст од девет до 78 години.

Дојл денеска се појави на сослушување во Судот на Ливерпул и се изјасни за невин. Тој беше обвинет за опасно возење и шест други точки од обвинението, вклучително и намерно нанесување тешки телесни повреди.

Обвиненијата се однесуваат на повреди на две момчиња, две жени и двајца мажи. Во болницата во понеделникот биле згрижени повеќе од 50 лица, а седум лица се задржани на лекување.

Доколку биде прогласен за виновен, Дојл може да се соочи со максимална казна доживотен затвор. По инцидентот полицијата изјавила дека не се работи за тероризам, но не утврдила мотив.

Се вчитува...