Доживотната суспензија е ништо во однос на тоа што го очекува претседателот „тепач“

Претседателот на Анкарагучу, Фарук Коча доби доживотна суспензија од фудбалот откако физички го нападна судијата Халим Умут Мелер по мечот на неговиот тим со Ризеспор во турскиот шампионат.

Но, по излегувањето од билница, судијата Мелер најави дека суспензијата не е ништо во однос на тоа што вистински го очекува претседателот „тепач“ низ идните судски процеси.

„Сакам да знаете дека одговорните за нападот ќе бидат најостро казнети. Ова е гнасен инцидент за кој не треба да се суди само по тоа што се случи на натпреварот. Насилството често се случува на фудбалските терени и конечно време е да се стави точка на сето тоа. Имам целосна доверба во правосудните власти и во правната комисија на турскиот сојуз, па знам дека претседателот ќе добие жестоки казни кои ќе го натераат да зажали за тоа што го направи“ – порача Мелер.

Се вчитува...