Дозна дека мечот е наместен на точен резултат, па со два автогола ја „расипа математиката“ (видео)

Неверојатен натпревар се одигра во Гана, каде во последното коло од првенството Интер Алиес без многу борба капитулираше против екипата н Ашанти Голд. Во центарот на вниманието сепак се најде Хашмин Мусах, кој влезе во игра и пред очите на сите постигна два намерни автогола.

Мусах по мечот јавно призна дека станувало збор за наместен натпревар, но и дека токму тој е херојот што „математиката се расипала“, бидејќи средбата била договорена да заврши со резултат 5-1, а Хашмин не го дозволил тоа. Имено, Мусах влезе во игра при резултат 5-0 и веднаш се погрижи неговиот тим да прими уште два гола, самиот тресејќи ја сопствената мрежа за конечни 7-0.

„Слушнав во нашиот хотел дека е ставен облог на точен резултат 5-1 против мојот клуб. Сакав да им ги замрсам сметките, го замолив тренерот да ме пушти во игра за да не дозволм ваква бламажа со договорен натпревар“, изјави Мусах по натпреварот.

Се вчитува...