Фудбалската репрезентација на Демократска Република Конго се пласираше во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации откако по изведување на пенали беше подобра од Египет со 8-7 (1-1).
Репрезентативците на Конго стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Елиа во 37. минута, додека до крајот на првиот дел Египет израмни преку Мостафа Мохамед кој стрелаше од пенал во судиското надополнување. Во второто полувреме мируваа мрежите па натпреварот замина во продолженија. Таму Египќаните останаа со играч помалку откако во 97. минута Мохамед Хамди доби втор жолт картон.
Бројчаната надмоќ не успеаја да ја искористат Конгоанците па натпреварот замина во изведување на пенали. Таму гледавме вистински маратон во кој на крајот трагичар беше Габаски кој промаши во 9. серија, додека Мпаси Нзау го постигна погодокот вреден четвртфинале за ДР Конго.
Во четвртфиналето тие ќе се сретнат со Гвинеја која денеска во раниот термин славеше над Екваторијална Гвинеја по продолженија со 0-1 со погодокот на Бајо во 108. минута.
Egypt vs DR Congo – Penalty shootout (7-8)
byu/Meladroitdeposter insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА