„Драг Роџер, пријателу ова е тажен ден за спортот“

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер ќе ја заврши својата професионална кариера по настапот на Лејвер купот. Швајцарскиот ас долго време се мачеше со повреди па по долго размислување дефинитивно реши да се збогува од спортот врз кој остави толку силна трага низ годините.

Колку Роџер Федерар значи за „белиот спорт“ говорат пораките кои ги испратија неговите поранешни ривали….

„Драг Роџер, пријателу и ривалу. Се надевав дека овој ден нема да дојде. Ова е тажен ден за мене и за спортот. Ми беше чест и привилегија да ги споделам сите овие години со тебе. Имавме многу фантастични моменти на, но и надвор од теренот. Знам дека во иднина ќе имаме уште многу заеднички моменти. На тебе, на Мирка, твоите деца и целата фамилија ви посакувам многу среќа и убави моменти заедно. Се гледаме во Лондон“, напиша Рафаел Надал.

„На здравје, Роџер. Ти благодарам на споделените сеќавања пријателу. Ми беше чест да делам време и искуство со тебе на едни од најдобрите терени во нашиот спорт“, напиша Енди Родрик.

„Најтажен ден во тенисот. Ти благодарам Господине Федерер“, вели легендарниот Шпанец Давид Ферер.

„Роџер Федерер е шампион. Тој ја имаше најкомплетната игра на својата генерација и го зароби срцето на сите вистински фанови на овој спорт ширум светот. Честики Роџер. Ти посакувам се најубаво“, напиша Били Џин Кинг.

Се вчитува...