По двата тешки порази од Вардар и од ФТЦ на домашен терен, Будуќност успеа да се врати во препознатливиот ритам и тоа токму на тешкото гостување во Скопје. Црногорскиот шампион во текот на целиот натпревар имаше контрола на играта и на резултатот и на крај дојде до посакуваната победа. Сепак, и победата и целиот натпревар остана во сенка на трагичниот настан и ненадејната смрт на таткото на Андреа Кликовац. Сочувство до семејството на црногорската репрезентативка и жалење за загубата изрази и тренерот на Будуќност, Драган Анџиќ.
„Од една страна среќен сум што конечно Будуќност одигра како што знае и како што може, од друга страна жал ми е за трагедијата што се случи на Андреа Кликовац и на тоа како оваа неубава вест ја прими целата екипа на Вардар. Верувам дека тоа влијаеше и на нивната игра“ – рече Аџиќ на прес конференцијата по натпреварот.
За крилото на Будуќност, Итана Грбиќ која минатата сезона го носеше дресот на Вардар, ова беше тежеок натпревар во тежок ден за сите.
„На сите ни е тешко да зборуваме во една ваква ситуација. Знаеме колку и е тешко на Андреа на нејзиното семејство и на сите нас што ја познаваме. Што се однесува до натпреварот, среќна сум што се вративме на вистинскиот пат, Знаеме како му беше на Вардар и секоја чест за нивната игра и на големата борба што ја пружија денеска“ – истакна Итана Грбиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА