Искусниот фудбалски тренер, охриѓанецот Драган Блажески Крчо, заминува од клупата на струшки Караорман и тоа по само три недели поминати на чело на струшкиот клуб.
Причина за оставката која доаѓа во време на подготовки за првенството во Втората лига, е лошата состојба и организациски проблеми во клубот изјави за „Охрид њуз“.
„И покрај мојата големата желба да му помогнам на струшкиот второлигаш вака и под вакви услови не може да се работи. И покрај основните услови, а тоа е терен и топки кои ги имав, за други услови морав јас на овие години сам да се снаоѓам. Згора на се, клубот го напуштија осум играчи, а не е донесено ниту едно засилување. Јас како долгогодишен тренер тоа ќе им го кажам и на играчите и на луѓето од клубот, под вакви услови не може да се работи“, изјави Драган Блажески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА