Драган Џајиќ: „Панчев ни ја донесе титулата во 1991, да не беше војната Ц. Звезда долго ќе царуваше…“

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Драган Џајиќ, во разговор за АФП се потсети и на времињата кога како директор на Црвена Звезда успеа да го однесе тимот до најголемиот успех во историјата – освоената европска шампионска титула.

Тогаш црвено-белите и со македонските фудбалски легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски дојде до европската титула во 1991 година…

„Бари требаше да биде само почеток на владеењето на Црвена Звезда во Европа. Долго време градевме победнички тим, имавме јасен план и успехот на изостана. Тоа беше еден неверојатен спој на најдобрите фудбалери од регионот, единство на многу нации. Трофејот во Бари ни го донесе Македонецот Дарко Панчев, а ги имавме Хрватот Роберт Просинечки, Црногорецот Дејан Савичевиќ, Рефик Шабанаџовиќ од БиХ и многу легенди на српскиот фудбал“ – вели Џајиќ, притоа откривајќи дека за следната сезона веќе бил договорен уште еден голем трансфер.

„Давор Шукер веќе беше договорен играч на Црвена Звезда, но се пропадна за само еден ден. Почна војната и се пропадна. Црвена Звезда загуби многу поради таа војна. Покрај Шукер требаше да дојде и Роберт Јарни од Хајдук. Но, војната спречи се. Да на беше таа Црвена Звезда уште многу години тогаш ќе царуваше во Европа“ – се потсетува Џајиќ.

Се вчитува...