Поранешниот македонски репрезентативец и селектор, Драган Канатларовски ќе добие награда за животно дело и посебно признание за спортски успеси на 14. Меѓународен спортски симпозиум „Симпосар 2025“, на кој учествуваат еминентни спортски личности од државите на поранешна Југославија и околните балкански држави.
Канатларовски ќе биде и еден од предавачите на симпозиумот кој се одржува од 26 до 28 септември во Сараево, БиХ, на петтиот панел, на темата “Фудбал и карактер – што останува по кариерата?“, заедно со Шкоро, Крањчар и Топиќ, а модератор е прославениот Драго Ќосиќ.
Пред Канатларовски награда за животно дело од Македонија добија и Кочо Димитровски во 2023 година и Васил Рингов минатата година.
Меѓу специјално поканетите гости, меѓу другите, е и легендарниот бугарски фудбалер Христо Стоичков.
На Симпозиумот ќе бидат присутни и претставници на Спортското радио 90,3 ФМ, новинарите Тони и Зоран Митев. Идеен творец и директор на прочуениот и мошне успешен „Симпосар“, е познатиот спортски новинар и ТВ коментатор, Сабахудин Топалбечеривиќ – Бахо.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

