Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Драган Канатларовски се приклучи на стручниот штаб на младата репрезентација, предводена од Боби Милевски. Канатларовски на чело на националниот тим беше во два наврати од 1999 до 2001 година, како и од 2003 до 2005 година.
Младата репрезентација денеска ќе го има првиот собир, а тренинзи ќе имаат секој ден од 17 часот на стадионот во Ѓорче Петров.
У21 репрезентацијата ќе одигра пријателски натпревар против Словенија на 3. јули во Терме Чатеш, што ќе биде последна контрола пред стартот на новите квалификации во септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА