Екипата на струмичка Брера го комплетира тимот кој што следната сезона ќе треба да се бори за висок пласман во ПМФЛ. Така после добивањето на неколку нови имиња, меѓу кои и Марјан Ристовски – Швајц и Антонио Каланоски, денеска тимот го задржи искусниот играч од средниот ред Драган Стојков.
Стојков во јануари оваа година пристигна во Брера.
„Стојков важи за столб на играта на нашите првотимци и мотиватор на младите со оглед на неговото огромно искуство во домашните и странски фудбалски клубови. За пролетниот дел од шампионатот Стојков за Брера имаше 12 првенствени настапи при што имаше и една асистенција и тоа во дуелот со Брегалница од Штип“, стои во објавата на АП Брера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА