Драган Стојковиќ Пикси ја напушти функцијата селектор на Србија по четири и пол години, но 60-годишниот стручњак би можел многу брзо да се врати на работа. Тој е еден од кандидатите за клупата на репрезентацијата на Индонезија.
Откако Патрик Клајверт ја напушти клупата на индонезиската репрезентација, Фудбалската федерација на оваа земја бара нов шеф на стручниот штаб. Еден од кандидатите наводно е Драган Стојковиќ, до неодамна селектор на Србија. Иако информациите сè уште не се потврдени, Пикси е во поширокиот избор за позицијата селектор на Индонезија.
Претходно имаше информации дека популарниот Пикси имал понуди од Азија, но неколку пати ги одбивал бидејќи се уште беше селектор на Србија. Сепак, сега работите се променија па многу брзо тој може да добие нов ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

