Драган Стојковиќ – Пикси, до неодамна селектор на српската фудбалска репрезентација, би можел да ја продолжи својата тренерска кариера во Русија.
Откако ја напушти клупата на Србија, каде што беше од 2021 година, Пикси се враќа на клупскиот фудбал.
Во својата тренерска кариера, која трае од 2008 година, тој досега раководел само со два клуба – јапонската Нагоја и кинескиот Гуангжу. Неговата следна станица би можел да биде Рубин од Казан. Барем така тврди рускиот новинар Иван Карпов, кој вели дека Србинот е фаворит по заминувањето на Рашид Рахимов.
Рахимов го напушти клубот по само една победа во последните седум натпревари. Тимот е на седмото место во руското првенство, додека веќе е елиминиран од националниот куп.
Доколку се пресели во Татарстан, Пикси таму ќе го пречекаат двајца српски фудбалери – Богдан Јочиќ и Никола Чумиќ, кои добиваа претходно покани за А-репрезентацијата од, сега веќе, поранешниот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

