Драгана Цвијиќ не признава алиби – Утре ќе биде наш ден, Вардар го заслужува трофејот

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Кристијан Димевски

Драгана Цвијиќ донесе сигурност и квалитет во играта на Вардар, но носи и победнички дух. Црногорската репрезентативка е горда на вардарки и најавува беспоштедна борба во утрешното финале против Ѓер.

Утре ќе одиме на победа. Ние не бараме никакво алиби. Ќе дадеме се од себе да го победиме Ѓер. Дојдовме овде да изгинеме една за друга, не да играме два натпревари и да мислиме дали имаме сила или не. Утре треба да биде наш ден и конечно да го донесем тој трофеј дома затоа што мислам дека тој навистина му припаѓа на Вардар!“ – оптимистички најавува Драгана Цвијиќ.

Вардар и Ѓер играа во финалето и минатата година кога славеше унгарскиот шампион со 31-30. Утре е шансата на вардарки да се реваншираат за поразот и да ја освојат европската круна.

Се вчитува...