Горан Драгиќ ги разреши сите дилеми околу својата иднина, словенечкиот репрезентативец ќе мине уште една година во НБА-лигата, но не во тимот на Далас маверикс како што беше најавувано.
Искусниот плејмејкер ја одби можноста и на клупски план да заигра крај Лука Дончиќ, наместо тоа прифаќајќи ја понудата на Чикаго булс. Драгиќ денеска потпиша едногодишен договор со „биковите“, според кој Словенецот во Чикаго ќе има загарантирани 2,78 милиони долари.
Ова ќе биде 15. сезона во НБА во фантастичната кариера на Драгиќ, кој претходно настапуваше и за Феникс, Хјустон, Мајами, Торонто и за Бруклин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

