Драгиќ: Не дојдов за да играм за петто место

Кошаркарот на Чикаго Булс, Горан Драгиќ одлучи да се врати во репрезентацијата на Словенија за Евробаскет 2022 кој од 1. до 22. септември ќе се игра во Германија, Италија, Грузија и Чешка.

Тој вели дека се врати во тимот како би ја одбраниле титулата од минатиот шампионат, а не да се бори за петтото место.

„Да бидеме реални не дојдов да играм за петто место туку да го освоиме шампионатот. Имаме тешка група и треба да одиме чекор по чекор. Голема е еуфоријата во нашата земја, но мораме да влезе со ладни глави. Не планирам да играм по 40 минути на секој меч, но тука сум да бидам капитен и лидер и на теренот и надвод од него“, изјави Драгиќ. 

Словенија на шампионатот се најде во групата Б заедно со Франција, Босна и Херцеговина, Литванија, Германија и Унгарија.

Се вчитува...