Драгиќ одлучи: Доста беше од репрезентативна кошарка

Горан Драгиќ нема да ја предводи Словенија на престојното Светско првентво кое ќе се одржи во Филипини, Јапонија и Индонезија од 25. август до 10. септември.

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на поранешната југословенска држава остави можност за продолжување со репрезентативните настапи за престојниот Мундајал, но сега откри дека за настапите за Словенија им дојде крајот.

„Ќе бидам дома, нема да играм. Доста беше. Настапував 16 години за националниот тим, плус во НБА и се останато. Можеби ќе бидам во Јапонија да им дадам поддршка на момците, но нема да играм“, вели Драгиќ.

Словенија во групната фаза ја очекуваат натпревари против Зеленортските острови, Грузија и Венецуела.

Се вчитува...