Еден од најдобрите словенечки кошаркари, Горан Драгиќ се пензионираше од професионалната кошарка. Долгогодишниот капитен на поранешната југословенска држава во разговор за медиумите открива дека постоел интерес за негово враќање во Европа, но до истото нема да дојде.
За неговите услуги биле заинтересирани повеќе евролигаши, но до камбек на „стартиот континент“ нема да дојде со оглед на тоа што не сака да биде далеку од своето семејство.
„Ќе бидам искрен. Постоеа повеќе понуди од Европа, од Милано, Мадрид, Панатинаикос, Барселона… Но, но сакав да се вратам во Европа. Не сакам да бидам далеку од моите деца кои живеат во Соединетите американски држави. Единствената опција која постоеше е да се вратам во Мајами. Имав преговори и со нив, но на крајот не постигнавме договор бидејќи имаат многу кошаркари под договор“, изјави Драгиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА