Драгиќ се премисли, ќе игра со Дончиќ – Словенија ќе биде ептен силна на Евробаскет 2022

Словенија ќе биде дополнително засилена за претстојниот европски шампионат откако Горан Драгиќ објави дека е подготвен повторно да го облече репрезентативниот дрес, само неколку месеци откако беше испратен во пензија од националниот тим.

Извонредниот плејмејкер во јунските квалификации за СП објави дека ја завршува репрезентативната кариера, но иако има 36 години, тој изрази подготвеност да помогне на словенечкиот состав и на претстојниот Евробаскет.

„Се вратив“, објави Драгиќ на својот профил на социјалните мрежи, со фотографија од репрезентативниот дрес и освоениот трофеј на последниот европски шампионат.

Само за потсетување, Драгиќ е најзаслужен што Словенија е актуелен европски првак откако во големото финале против Србија постигна неверојатни 35 поени и ја доби наградата за МВП на шампионатот.

Се вчитува...