Драконска казна за Медведев за неспортско однесување на УС Опен

Рускиот тенисер Данил Медведев е казнет со 42.500 долари поради неспортско однесување и кршење на рекет на контроверзниот меч против Бенџамин Бонзи на отварањето на последниот грен-слем турнир во сезоната – УС Опен.

Мечот предизвика големо внимание на јавноста поради долгиот прекин поради несекојдневна ситуација која ја предизвика фотограф кој предвреме влезе во теренот за што подобра фотографија од Бонзи кој се наоѓаше пред победа при свој сервис.

Судијата дополнително го разбесни Медведев враќајќи го Бонзи на прв сервис по што следеше „шоу“ на Русинот со судијата кој го нарече  „платеник“ и публиката, а и во текот на мечот скрши рекет.

Ситуацијата го мотивираше Русинот кој се врати „од мртвите“, но и покрај тоа што успеа да изедначи на 2-2, не успеа и да направи целосен пресврт.

Се вчитува...