Дефанзивниот енд на НФЛ тимот на Кливленд Браунс Мајлс Герет доби неодредена казна за ударите со кацига кои му ги нанесе на квотербекот на Питсбург Стилерс, Мејсон Рудолф, на мечот кој неговиот тим го доби со 21-7.
Неодредена казна во американскиот спорт значи дека тој ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната, а можно е суспензијата да биде продолжена и следната сезона. Герет направи голема глупост бидејќи непотребно го нападна Рудолф на седум секунди до крајот на мечот, кога неговиот тим веќе ја имаше осигурана повредата. Од останатите учесници во инцидентот, соиграчот на Герет, дефанзивниот текл Лери Огунџоби еден натпревар, додека центарот на Питсбург, Маркис Понси заработи казна од три натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА