Германскиот интернационалец Џулијан Дракслер оваа зима од Волфсбург пристигна на „Паркот на принцовите“ во Париз за сума од 30 милиони евра и веднаш докажа дека ќе биде огромно засилување за „светците“ во трката за шампионската титула во домашниот шампионат, како и за нокаут фазата во Лигата на шампионите. Тој веќе постигна неколку решавачки голови, а во дресот на ПСЖ би сакал да види уште еден свој сонародник.
„Не знам дали смеам ова да го кажам, за да не направам непотребни проблеми, но моја лична желба е да играм со Месут Озил во Пари Сен Жермен. Мислам дека тој би бил огромно засилување за нашиот тим“, изјави Дракслер на новинарско прашање околу можноста за новите засилувања кои би пристигнале во Париз во летниот преоден рок.
За Месут Озил постои интерес и од Барселона, но и од Реал Мадрид, каде играше пред да се пресели во Арсенал. Со раководството на „топчиите“ преговара за нов договор, но досега нема ставено потпис за продолжување на верноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА