Фудбалската репрезентација на Германија го освои трофејот на Купот на Конфедерациите во Русија, а „панцирите“ ги собраа и индивидуалните награди на овој турнир. Капитенот на оваа селекција на Германија, Џулијан Дракслер, ја доби наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на првенството.
Од рацете на Бразилецот Роналдо, пак, наградата за најдобар стрелец ја доби Тимо Вернер, напаѓачот на германската репрезентација. Тој вечерва, во финалето, беше асистент на единствениот гол што го постигна Ларс Штиндл.
Клаудио Браво, голманот на финалистот Чиле, е прогласен за најдобар чувар на мрежата на Купот на Конфедерациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА