Првиот натпревар од второто премиерлигашко коло меѓу Кардиф и Њукасл заврши без голови, но изобилуваше со возбудувања.
Главниот судија направи голем превид кога во првото полувреме не го исклучи гостинскиот играч Кенеди поради очигледно удирање на противнички фудбалер без топка. Њукасл сепак остана со играч помалку кон средината на второто полувреме, кога Хејден оправдано заработи црвен картон за груб старт.
И со играч помалку Њукасл беше поблизу до победата, гостите во 96. минута добија и пенал, но Кенеди не беше прецизен, па овој натпревар заврши без голови.
Kennedy has missed a penalty in the 96th minute #CARNEW pic.twitter.com/RGZDMkT3Um
— Yahya (@Yahya94034925) August 18, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА