Драма: Фудбалер на Борусија колабирал на полувремето на мечот со Барселона

Германскиот тим Борусија Дортмунд ќе го испрати на дополнителни испитувања својот фудбалер Јулијан Ријерсон, кој паднал во тунелот на стадионот „Сигнал Идиуна Парк“ на полувремето на мечот од Лигата на шампионите против Барселона, пренесува „Билд“.

Норвежанецот беше заменет на полувремето, и сите се сомневаа во некаква повреда. Фудбалерот го немаше на мечот против Хофенхајм во Бундеслигата изминатиот викенд.

По средбата Нури Сахин изјави дека имал проблем со циркулацијата, но и натаму е нејасно што го предизвикал колапсот.

Се вчитува...