ДРАМА: Грузија во 95. минута испушти историска евро-победа, Чесите доминираа но спасуваа бод!

Грузија и Чешка одиграа без победник, 1-1, во 2. коло од Групата Ф на ЕВРО 2024. Грузијците на тој начин стигнаа до својот прв историски бод на едно големо натпреварување во дебитантскиот настап на Европското првенство.

Чешка, пак, очекуваше и посакуваше победа, но во второто полувреме спасуваше бод по предноста од првото полувреме на Грузијците кои во 95. минута преку Саба Лобјанидзе имаа 100% шанса и за победа, но иако осамен пред голот на Чесите шутираше непрецизно.

Чесите далеку поактивно го почнаа натпреварот, со постојана офанзива, па веќе во 23. минута Хлозек постигна гол, но по ВАР анализата беше утврдено дека играше со рака непосредно пред погодокот поради што голот беше поништен.

Во продолжението, Грузијците како да се созедоа па ја неутрализираа доминацијата на Чесите, низ игра главно на средината од теренот и без поизразени шанси и на двете страни. Но, сето тоа вроди со плод во судиското продолжение кога повторно реагираше ВАР системот. Но овој пат за игра со рака на Чесите во својот шеснаесетник, а доделен пенал и погодок на Микаутадзе од 11 метри за водство од 1-0.

Во второто полувреме Чешка беше многу подобар тим на теренот со серија можности за погодок, но успеа да искористи само една шанса преку Шик во 59. минута за конечни 1-1.

Грузијците во 95. минута преку Саба Лобјанидзе имаа 100% шанса и за победа, но иако осамен пред голот на Чесите шутираше непрецизно.

Се вчитува...