Вардар ќе му благодари на српскиот голман Урош Ѓуриќ, чуварот на мрежата на Струга ТЛ, за освоениот бод (2-2) од Струга во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Катастрофалната грешка на Ѓуриќ во 96. минута кога под нозете пропушти една апсолутно безопасна топка по слободниот удар од нешто помалку од 30 метри кој го изведе Дејан Блажевски. Драмата во последните секунди и го одбележа натпреварот во кој стружани пропуштија и предност од 2-0. На крајот и несакан инцидент во кој беа инволвирани стрелецот за Вардар, Блажевски и тренерот на голманите на Струга ТЛ, Весели. И двајцата добија директни црвени картони по меѓусебниот судир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА