Баерн Минхен многу потешко од очекувањата стигна до билет за осминафиналето во Лигата на Шампионите откако баварскиот гигант со гол во 94. минута се спаси од огромен срам на реваншот против Селтик.
Баварците имаа минимална предност од првиот меч во Шкотска, но се мачеа да го скршат отпорот на Селтик на вечерашниот реванш во Минхен. Хари Кејн заработи повреда и беше заменет на паузата, а шокот беше комплетен откако Селтик поведе со 0-1 со погодокот на Кун.
Домаќините не знаеја што ги снајде, Шмајхел бранеше фантастично на голот на шкотскиот првак, но и данскиот ветеран беше немоќен откако прв на една одбиена топка налета Алфонсо Дејвис и ја смести во мрежата.
Баерн повторно покажа бројни слабости во играта, но најважно за Компани и неговите избраници сепак е што го продолжуваат настапот во елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

