Еден од најдобрите македонски ракометари во последните десет години Филип Талески ќе го напушти Вардар. Оваа информација доаѓа како гром од ведро небо, бидејќи пред стартот на сезоната Тале се врати во скопскиот тим како големо засилување.
Како што вели за mkdhandball.mk тој вели дека го напушта Вардар поради недоразбирање.
„Секако дека заминувам од Вардар и тоа на мое барање. Имавме состанок и договорот е раскинат. Немам нов клуб и засега останувам дома. Ќе тренирам додека не се отвори нова опција“, изјави Талески за mkdhandball.mk.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

