Драма каква што може да режира само фудбалот: Ривер ѝ донесе титула на Бока!

Звучи неверојатно, но вистина е. Бока Јуниорс стана шампион благодарение на својот најголем ривал Ривер Плата, која го победи Расинг на нејзин терен, а Бока со еден бод во дуелот со Индепендиенте (2-2) стигна до титулата. Но, сешто се случуваше на двата меча кои се играа на раздалеченост од само 5 километри.

Бока имаше негатива, и во тие мигови Расинг имаше титула во своите раце, меѓутоа Бока најпрво успеа да израмни, а во миговите кога поведе, поведе и Расинг против Ривер. Долго време беше 2-1 за Бока и 1-0 за Расинг, а потоа Ривер успеа да израмни против Расинг, но во истата минута и Индепендиенте успеа да израмни на „Ла Бомбоњера“. „Шок“ и неверување за навивачите на Бока донесе и досудениот пенал за Расинг, кој ќе значеше титула за тој тим доколку беше реализиран.

Меѓутоа голманот на Ривер Плата, Армани го одбрани ударот од белата точка, а потоа Борха му донесе дури и победа на Ривер, со што големото славје на Бока можеше предвреме да почне. Навистина неверојатна драматична завршница со среќен крај за Бока, која треба да му заблагодари на својот лут ривал Ривер за оваа титула.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...