Драма на Европското првенство: Атлетичарка остана без свест

Холандската атлетичарка Морин Костер (32) тешко падна за време на трката на 3.000 метри на Европското првенство во сала во Апелдорн.

Холанѓанката падна во воведниот дел од трката и остана во несвест, по што итно на носилки беше изнесена од арената.

„Морин Костер е свесна и реагира по падот на 3.000 метри“, соопшти Холандската атлетска федерација.

Костер веднаш била пренесен во болница на лекарски преглед. Холанѓанката беше една од претендентите за медал во Апелдорн. Оваа зима таа го подобри своето лично најдобро време на 8:33:47, што е четврто најбрзо време во Европа оваа година.

Се вчитува...