Драма на крајот: Поништен пенал за Барса, финалето ќе го решат продолженија….

Финалето меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе го решат продолженија или пенали откако резултатот по регуларните 90 минути гласи 2-2. Крајот беше супердрамастичен, откако судијата во 96. минута покажа на белата точка за Барса, но потоа по сугестија од ВАР собата ја промени својата одлука, на големо разочарување на фудбалерите и навивачите на каталонскиот гигант.

Реал делуваше премногу пасивно без Мбапе во нападот, откако Анчелоти реши да не ризикува со недоволно рехабилитираниот Французин од самиот почеток во ова финале. Барселона ја искористи својата прва шанса, со евроголот што го постигна Педри на асистенција на Ламин Јамал.

Ситуацијата на теренот се промени откако Мбапе влезе во игра на самиот старт од второто полувреме, а Реал веднаш доби на брзина и на опасност во противничкиот шеснаесетник. Винисиус промаши две одлични шанси за израмнување, но затоа Мбапе ја покажа својата големина блеснувајќи со прекрасен гол од слободен удар и израмнување на 1-1.

Додека каталонците уште беа во шок, Реал го искористи тоа за да стигне до целосен пресврт и со голот со глава на Чуамени „кралевите“ поведоа со 1-2. Тоа не беше и крај на возбудувањата, откако Феран Торес одлично се снајде, стигна до една топка пред Ридигер и Куртоа, успевајќи потоа мајсторски да ја смести во празната мрежа.

И кога се очекуваше последниот свиреж, во 96. минута беше досуден пенал за Барселона по стартот на Асенсио над Рафиња. Страстите зовреа, но ВАР-арбитрите решија да го повикаат Бенгоечеа, кој по прегледувањето ја смени својата одлука и мечот ќе биде решен со продолжение.

Се вчитува...