Кошаркарите на Макаби доживеаа непријатна ситуација за време на патувањето на натпреварот од 36. коло од Евролигата против Басконија.
Авионот со кошаркарите на Макаби мораше да слета во Белград поради технички проблем.
Непланираното прекинување на патувањето го искомплицира заминувањето на тимот за Шпанија, па целиот распоред беше поместен, а продолжението на патувањето беше одложено до подоцна вечерва.
Клубот набрзо објави и ја разјасни ситуацијата:
„Поради технички проблем на авионот, тимот мораше да го прекине патувањето и да се врати во Белград, а продолжението на летот за Виторија е планирано за вечерните часови“стои во соопштението на Макаби Тел Авив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

