Драма на летот на Манчестер сити: Авионот со кој се враќале од Лисабон итно слета во Ливерпул

Фудбалерите на премиерлигашот Манчестер сити се соочиле со вистинска драма по враќањето од Лисабон, каде што вчера против Спортинг го одиграа првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Нивниот лет се соочил со голем број проблеми поради силниот ветер, по што капетанот на авионот морал принудно да слета во Ливерпул. Фудбалерите и стручниот штаб на тимот се добри, но како што пренесуваат англиските медиуми воопшто не била наивна целата ситуација.

 

За потсетување „граѓаните“ славеа со убедливи 0-5 и веќе се патници меѓу осумте најдобри во елитното натпреварување.

Се вчитува...