Драма на летот на репрезентацијата на БиХ – Секунда недостигала да се сруши авионот

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина вчера го победи Лихтенштајн со 5-0, а денеска отпатува за Ерменија каде ќе го играат следниот натпревар од квалификациите.

На летот кон Ерменија се одвивала вистинска драма бидејќи авионот влетал во турбуленции, по што пилотот морал нагло да сврти на лево што довело до паника кај патниците.

„Секунда, односно еден степен недостигаше да се сруши авионот. Имам повеќе од 600 часа како пилот и тоа одговорно го тврдам. Никој не може да си игра со човечки животи. Не се дозволени никакви нагли движења, ова можеше да биде кобен лет“, изјавил пилот кој бил дел од летот. 

Ерменија и Босна и Херцеговина својот натпревар ќе го одиграат во недела.

Се вчитува...