Евертон во супердраматичен натпревар успеа да остане непоразен на гостувањето против Манчестер Јунајтед, ремизирајќи 3-3 благодарение на погодокот што Калверт Луин го постигна во 95. минута. Јунајтед има за што да жали бидејќи прокоцка одлична предност од 2-0 по првото полувреме, потоа пак поведоа, но немаа сили да ја задржат предноста до самиот крај.
„Црвените ѓаволи“ беа подобар ривал во првото полувреме, Кавани го отвори резултатот со удар со глава на асистенција на Рашфорд, а на 2-0 зголеми Бруно Фернандеш со фантастичен погодок од работ на шеснаесетникот.
Сите кои очекуваа рутинско второ полувреме набрзина беа шокирани бидејќи Евертон експресно се врати и преку Дукуре и Хамес Родригез стигна до израманување. Гостите имаа и неколку добри ситуации за целосен пресврт, но Јунајтед беше тимот што стигна до водство преку Мектоминеј. Домаќините беа во исчекување на последниот судиски свиреж кога Евертон ги шокираше буквално во последниот напад, Калверт Луин одлично се снајде во шеснаесетникот и ја смести топката во мрежата на Де Хеа.
Дополнителен проблем за Оле Гунар Солскјер е повредата на мускулот на Пол Погба, поради која францускиот репрезентативец сигурно извесен период ќе биде надвор од терените.
#MUNEVE
Man United 3-3 Everton – GOAL! Lewin ’90 ???pic.twitter.com/V4sW1pXPFh— ???? ????? (@Fastgoal2) February 6, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

