Драма на првиот меч: Тотенхем беше на работ на амбисот, на крајот Брентфорд се спасуваше

Брентфорд и Тотенхем ремизираа 2-2 во првиот меч што е на програта во ПРемиер-лигата по мундијалската пауза, дуел што воодушеви со ефикасноста и неизвесноста.

Брентфорд имаше предност од 2-0 откако Јанелт погоди во првото, а Тони во второто полувреме и се чинеше дека домаќините ќе успеат да стигнат до цел плен.

Тотенхем многу пати сезонава блесна во самата завршница, тоа се случи и попладнево, па „спарси“ експресно успеаја да се вратат во мечот, со головите што ги постигнаа Кејн и Хојбјерг. Избраниците на Антонио Конте имаат и за што да жалат ако се знае дека Кејн при 2-2 ја погоди гредата, а Сон во 95. минута имаше опасен удар што голманот Раја успеа да го запре.

Во секој случај, овој меч беше одлична најава за возбудувањата

Се вчитува...