Резултатската криза на Олимпик Марсеј барем за момент е прекината откако оваа екипа славеше на дербито со Лион со 3-2, прекинувајќи ја серијата од четири кола без триумф во францускиот шампионат.
Новиот тренер Беје дебитираше со пораз минатиот викенд, но овојпат мора да биде горд на своите избраници кои стигнаа до трите бода иако се најдоа во негатива од 0-1 и од 1-2. Клучно за домаќините се покажа влегувањето на Паишао на самиот старт од второто полувреме, екс-фудбалерот на Феенорд најпрвин со еврогол израмни на 1-1, а потоа имаше и асистенција до Обамејанг при вториот гол за Марсеј.
Двата тима имаа свои шанси за триумф, но на крајот се радуваа домаќините, по еден контранапад одлично од левата страна нафрли „резервистот“ Нванери, на вистинското место се најде Обамејанг, кој со својот втор гол на дербито предизвика тотална еуфоорија на „Велодром“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

