Фудбалската репрезентација на Црна Гора беше поразена во Велс со 1:0 со голот на Хари Вилсон од пенал, што беше шести последователен пораз на таа селекција. Сепак, за селекцијата на Роберт Просинечки имаа нелагодности и после натпреварот, односно проблеми со враќањето дома.
Авионот со црногорските репрезентативци еден час кружеше над Бока Которска и над Цетиње, а сето тоа затоа што аеродромот во Подгорица не бил отворен. Порталот „Аналитика“ пренесува дека авионот на бугарската компанија „Бугарија ер“ кружел еден час, а потоа се упатил кон аеродромот во главниот град на Црна Гора.
На крајот, авионот конечно слета во 5:31, а набрзо стигна и одговорот на самиот аеродром за „Аналитика“. Тие наведуваат дека бугарската компанија ненајавено полетала порано, а аеродромот дал се од себе пистата што поскоро да се подготви за слетување. Според нивните изјави – час и половина пред почетокот на работното време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА