Драма: Сенегал со автогол до финале, по два промашени пенали

Сенегал е првиот финалист на Купот на Африкански Нации откако во денешното супердраматично полуфинале славеше над Тунис со 1-0, по продолжение од двапати по 15 минути, и тоа со автогол на противничкиот фудбалер Дилан Брон.

И двете селекции  можеа да го решат победникот уште во регуларните 90 минути, но не беа прецизни од белата точка. Најпрвин во 75. минута беше досуден пенал за Тунис, но Саси не успеа да го претвори во гол. Шест минути подоцна беше покажано на белата точка на спротивната страна, Мане по двата претходно промашени пенали му ја препушти топката на Саивет, но и овој сенегалски фудбалер не беше прецизен.

И тогаш, полуфиналето беше решено во 100. минута, по еден „скратен корнер“ тунискиот голман истрча, но не ја зафати топката, таа го удри Брон и заврши во празната мрежа.

Ривал на Сенегал во големото финале ќе биде победникот од дуелот Алжир – Нигерија.

Се вчитува...