Црвена Звезда се загреа за евролигашкото дерби со Партизан со триумф во дерби-дуел од АБА-лигата, во кој „црвено-белите“ за противник го имаа Дубаи, славејќи со резултат 92-90.
Почетокот не најавуваше неизвесност ако се знае дека „црвено-белите“ имаа огромни 19 поени предност во вториот период. Дубаи постигна само 33 поени во првото полувреме, а потоа дури 27 во третиот период (16-27) во кој гостите успеаја целосно да се вратат во мечот.
Домашниот тим сепак не дозволи пресврт, Дубаи имаше сериозен адут во Бејкон, но белградскиот состав на крајот заслужено се радуваше на победата.
Младиот Миљеновиќ беше прв стрелец на Црвена Звезда со 20 поени, по 13 постигнаа Батлер и Риверо, додека најефикасни кај Дубаи беа Бејкон со 31 и Петрушев со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

