Драма во авионот на селекцијата на Гамбија: Фудбалерите во несвест, пилотот спречил голема трагедија!

Додека фудбалскиот свет е во очекување на старот на Африканскиот куп на нации кој оваа година ќе се одржи во Брегот на слоновата коска, вистинска драма се одвивала во авионот со кој фудбалската репрезентација на Гамбија патувала на ова натпреварување.

По полетувањето на чартерот од Банџул, за кратко време фудбалерите почнале да се гушат и да чувствуваат главоболки. Откако неколку фудбалери паднале и во несвест, пилотот со спретна интервенција во најкраток можен период го вратил авионот назад во Банџул.

„Со жалење ве информираме дека чартер-летот што ги превезуваше ‘Скорпионите’ на Африканскиот куп на нации, се врати во Банџул поради технички проблеми. Летот траел девет минути кога екипажот сфатил што се случило и побарал да се врати во Банџул“ – информираа од Фудбалскиот сојуз на Гамбија.

Првичните истраги покажала дека имало губење на притисокот и недостиг на кислород во авионот.

„Неколку играчи се онесвестиле поради недостаток на кислород во авионот. Дел од репрезентативците се уште се во шок по ова трауматично искуство. Авионот се врати во Гамбија со целата делегација“ – пренесуваат африканските медиуми.

Гамбија во Африканскиот куп на нации е во Групата Ц со Сенегал, Камерун и Гвинеја.

Се вчитува...