Драма во Австралија: Ландо Норис победи во хаотичната трка, Ферари со Леклер и Хамилтон не се прослави

Ландо Норис триумфираше на хаотичната Формула 1 трка во Мелбурн за Големата награда на Австралија која ја одбележаа одложен старт, дожд и три активирања на безбедносното возило. Тој го освои првото место пред актуелниот светски шампион Макс Ферстапен.

Норис од самиот почеток на трката „војуваше“ против Ферстапен и тимскиот колега Оскар Пјастри како најголеми ривали. Но, успеа да издржи до крај со притисокот на болидот на Ред Бул, а притоа искористувајќи ја и грешката на Пјастри кој на крајот заврпи на деветтото место на ГН на Австралија.

Џорџ Расел заврши на третата позиција, а Алекс Албон, со Вилијамс стигна до четвртата позиција.

Претставниците на Ферари не се прославија исто како во квалификациите, па Леклер и Хамилтон завршија на осмото и десеттото место.

Се вчитува...