Еспањол ја забележа третата победа во четвртиот натпревар во шпанското првенство откако во драматичен натпревар славеше на домашен терен против Мајорка со 3-2.
Еспањол поведе рано во натпреварот со головите на Мила и Жан Фернандез во 20. и 34. минута, но гостите се вратија во игра преку реализираниот пенал на Маличи пред самиот крај на првото полувреме.
Мајорка имаше и предност од играч повеќе на теренот од продолжението на првото полувреме по црвениот картон на стрелецот Мила во 48. минута, а предноста беше искористена за гол во 65. минута кога косовскиот репрезентативец по втор пат ја затресе мрежата на Дмитровиќ.
Натпреварот продолжи во голема драма на двата дела од теренот, а Еспањол се врати во предност преку Гарсија кој во 81. минута успешно ја затресе мрежата од белата точка.
Со овој триумф Еспањол ја задржува трката за првата позиција на табелата во Ла Лига со 10 освоени бодови колку што има и Барселона, само два помалку од лидерот Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

