Драма во Барселона – прв пораз за Фенербахче…, Црвена Звезда потклекна во Монако

Барселона во вистински драматичен натпревар во 6. коло од Евролигата му го нанесе првиот пораз на Фенербахче, славејќи на домашен терен во драмата со 81-80.

Во крајно израмнет натпревар, Барселона создаде извесна предност во третиот период од играта, но Фенербахче успеа да се врати во последната четвртина. Турците на крајот при 81-78 имаа и последен напад за израмнување, но успеаја да погодат само за два поени за конечен пораз од 81-80.

Најдобар поединец во редовите на Барселона беше Лапровитола со 26 поени и седум асистенции, а помогнат од Никола Калиниќ со 14 поени. Кај Фенербахче се издвои единствено Џонатан Мотли со 23 поени и седум скока.

Барселона на тој начин дојде до четвртата победа во шестиот натпревар, а Фенербахче, пак, го запиша првиот пораз.

Монако, пак, се израмни сега на врвот со Фенербахче откако дојде до победа над Црвена Звезда со 85-77.

Французите дојдоа до петтиот триумф благодарение на Мајк Џејмс кој запиша 21 поен и Џордан Лојд кој заврши со 20 поени. Кај Црвена Звезда, Филип Петрушев заврши со „дабл-дабл“ од 16 поени и 12 скока.

Олимпијакос пропушти шанса исто така да се приклучи на врвот со пет победи и еден пораз, откако загуби на домашен терен од Валенсија со 82-83. Жалгирис триумфираше со 88-81 против Алба.

Се вчитува...